Граѓаните до полноќ можат да направат увид во Избирачкиот список
Објавено на 9 септември, 2021 во 12:43
Граѓаните до полноќ ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список и да достават барања за дополнување, бришење или бришење на нивните податоци до Државната изборна комисија.
Заклучно со вторник, 7 септември, вкупно 13.502 лица се провериле во Избирачкиот список, поднесени се вкупно 122 барања за запишување во избирачкиот список, 31 барање за бришење на податоците од избирачкиот список и 39 барања за измена на податоците во избирачкиот список, соопштија од ДИК.
На 14 септември истекува рокот до кога ДИК треба Избирачкиот список да го достави до политичките партии, кои пак, до 19 треба да достават евентуални барања за негова корекција.
Рокот за поднесување кандидатури за локалните избори на 17 октомври истекува во сабота на 11 септември.