ИН МЕМОРИАМ: Почина македонскиот хуморист,сатиричар,имитатор и акцијаш ветеран Војче Китановски

Објавено на 16 октомври, 2023 во 09:59

Почина познатиот хуморист, сатиричар и имитатор Војче Китаноски (68). Кариерата ја започнал за време на студентските денови, а често знаеше да каже дека тој е првиот стендап комичар на поранешните југословенски простори.

Китаноски е роден во 1955 година во Крапа, Македонски брод. Гимназија завршил во Кичево, а дипломирал на Шумарскиот факултет во Скопје. Автор е на „Енциклопедија за хумор и сатира“, „Антологија на 500 вицеви за деца“. Беше 50 години активен како естраден уметник.

Имитирањето на поранешниот југословенски лидер Јосип Броз Тито беше неговата специјалност. На Денот на независноста 8 Септември во 2017, Китановски ги пречекуваше граѓаните кои влегуваа во дворот на Владата облечен како Тито. Многумина застануваа и се сликаа со него, а тој ги поздравуваше како маршалот.

Војче Китановски беше и познат акцијаш волонтер. Член на ЗГ„Скопски акцијаши“ и своето време, во последните години од животот волонтерски го посветуваше на мисијата на доброволната работа поточно волонтеризмот на бројни акции низ Македонија.

Причината за смртта на Китановски сè уште не е позната. Како што пренесоа некои медиуми, полицијата го пронашла починат во неговиот дом.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.