Караванот на ДИК ги посети Тетово, Струга, Охрид, Битола и Прилеп – Ти си на ред! Излези, гласај!
Караванот на Државната изборна комисија оваа недела ги посети општините Тетово, Струга, Охрид, Битола и Прилеп. Како дел од овогодинешната едукативна и информативна кампања, „Ти си на ред! Излези, гласај!“, ДИК во општините кои ги посети делеше едукативен материјал, за да ги претстави гласачките права на гласачите за претстојните Локални избори.
Многумина од граѓаните заинтересирано ги прифаќаа едукативните и информативни материјали, кои ги делеа претставници на Државната изборна комисија. Караванот се реализира во согласност со протоколите за заштита од КОВИД-19.
Следната недела караванот на ДИК ќе ги посети останатите градови во државата, како Штип, Струмица, Кавадарци, Куманово и Скопје. Државната изборна комисија, преку овогодинешната едукативна и информативна кампања, има за цел да упати апел кон сите гласачи, дека претстојните Локални избори ќе бидат фер, демократски и безбедни.