Комисијата за заразни болести на состанок, ќе се анализира моменталната состојба со ковид-19
Објавено на 19 јули, 2021 во 11:00

По зголемениот број на нови случаи со ковид 19 по семејна веселба можно е денеска членовите на Комисијата за заразни болести да донесат нови одлуки.
Министерот за здравство Венко Филипче минатата недела најави дека денеска Комисијата за заразни болести ќе одржи состанок на кој ќе бидат изнесени нивните ставови и мислења врз основа на анализите кои ги прават.
Ќе се разгледува можноста за позасилени контроли на границите, за воведување на мерка за влез во земјава само со негативен ПЦР тест или потврда за вакцинација.
