Ковачевски: Почнат е процесот за воведување на дигитална лична карта според естонскиот модел

Објавено на 26 април, 2023 во 13:23

„Процесот за воведување на дигитална лична карта е веќе отпочнат, на него работи тим составен од повеќе ресори во рамките на МВР, со консултанти од Естонија и според естонскиот модел“ рече премиерот Димитар Ковачевски во неговото обраќање на Самитот на Македонија 2025 – „Просперитетни економии преку дигитализација и стратешко лидерство“.

Тој додаде дека во план е да се основа Агенција за дигитализација, со што ќе се овозможи дигитализирана јавна администрација која ќе влијае на ефективноста, транспарентноста и отчетноста на управувањето и ќе се придонесе кон стабилен економски раст на земјата.

„Она што сметам дека ќе биде особено важно за граѓаните е дека во рамките на дигитализацијата, ќе се воспостават Интегрираните сервисни центри кои го нудат концептот на едношалтерски систем, кои ќе бидат достапни за сите граѓани во 333 пунктови на државно ниво, за добивање на многу услуги само на една локација. Овие ЕТУ шалтери ќе бидат дел од инфраструктурата на АД Пошта на Северна Македонија“, рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека на административните шалтери ќе се овозможи лесен пристап до сите услуги кои еден граѓанин сака да ги добие меѓутоа и обезбедување и услуги за лциата со посебно потреби.

„Сите овие процеси на дигитализација, покрај овие придобивки, ќе ни помогнат и во справувањето со корупцијата во државата, и ќе овозможат поквалитетни, побрзи и поефикасни услуги до граѓаните“ рече Ковачевски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.