“Македонија успешна во борбата со трговијата со луѓе“

Објавено на 18 октомври, 2012 во 11:35

Републка Македонија се наоѓа во првата група земји кои најуспешно се справуваат во бробата со трговијата со луѓе, потврди за МИА Киро Тодоровски, национален известувач и припадник на МВР, кој e во Брисел по повод денешниот европски ден на борбата против трговијата со луѓе. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, на покана на Европската комисија, Тодоровски учествува на тркалезната маса во рамки на вонредниот Самит на Европската унија, на која се разговара за состојбата со трговијата со луѓе во рамки на ЕУ и цела Европа.

 

– Од 2003 година на територијата на ЕУ се пронајдени вкупно 800.000 жртви на трговијата со луѓе, додека на глобално ниво таа бројка изнесува 20 милиони жртви, откога ова дело е  криминализирано со протоколот од Палермо во 2000 година. Во Република Македонија, пак, откако постои кривичното дело трговија со луѓе, откриени се 700 жртви кои се од различна етничка и национална припадност, иако последните неколку години доминантни се домашните жртви на трговија со луѓе, изјави известувачот Тодоровски за МИА.

Како што било посочено на тркалезната маса, Република Македонија две години по ред се наоѓа во „ТР-1” групата на земји, согласно извештајот за трговија со луѓе на Стејт департментот. Се работи за група земји кои во целост ги исполнуваат стандардите за борба со трговијата со луѓе, каде што покрај Македонија се наоѓаат и земји како Австрија, Швајцарија, Велика Британија и САД.

– Две малолетни жртви по пат на принуден брак, за жал се трудово ексклопатирани и принудувани на работа во домовите на нивните трговци. Една од жртвите во Белгија безбедно се врати во Република Македонија и е сместена во Центар за социјална работа кај нас, но другата малолетна жртва со валиден македонски пасош, за жал се уште се наоѓа на белгиска територија и е сместена во Федерален центар за заштита на деца без грижа, потенцира Киро Тодоровски од МВР.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.