Променливо облачно време со сончеви периоди!
Објавено на 16 ноември, 2012 во 08:37
Во источните делови на Македонија ќе има поголемо намалување на облачноста и преку денот ќе биде претежно сончево..
Во петок, во останатите делови на државата, рано наутро ќе се појави магла по котлините и по речните долини. Метеролозите соопштија дека утринската температура ќе се движи од нула до осум, а дневната од 11 до 17 степени.
И во Скопје времето ќе биде слично. Претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност, а попладне ќе биде сончево со умерена облачност. Утринската температура ќе се движи околу четвртиот, а дневната ќе достигне до 14 степени целзиусови.
Претежно суво и релативно топло време со појава на магла и ниска облачност по котлините и по речните долини, гласи временската прогноза за викендот во Македонија.