Екстремно ладно време во Македонија, измерени температури на Попова Шапка -17°C, Титов Врв -25°C

Објавено: 12 јануари, 2026, во 09:01 часот

„Екстремно ладно е ова утро во Македонија. Времето е ведро со умерена локална облачност а особено во Повардарието повремено дува засилен ветер од северен правец. Температурите насекаде се длабоко под нулата  и во поголем дел од Македонија тие се спуштија до околу и под -10 степени.

Попова Шапка во овие моменти мери температура до околу -16/-17 степени а Титов Врв во моментов мери температура до околу -25 степени.

Сето ова е поради екстремно ладниот бран кој се спушта од север кон нашиот дел од Европскиот Континент и истиот условува да имаме екстремно ладно но суво време (сув студ).

Територијата на Македонија oд недела вечер, 11 јануари, подпадна под уште поладна  и поларна воздушна маса од север која дополнителнмо ги спушти температурите на воздухот а исто така облачноста се намали и продолжи да дува повремено засилен ветер од северен правец.

Ова утро е екстремно ладно во Македонија со температури се спуштија во интервалот од -17 до -5 степени а во планинските места температурите очекувам да се спуштат  и до -20 степени. Во Скопје утрово температурата ќе се спушти до околу -10 степени.

Многу ладно ќе биде  и денеска кога температурите ќе останат под нулата, односно преку денот температурата ќе се искачува во интервалот од -7 до 1 степен.  Во Скопје температурата во текот на денот ќе се искачи до околу 0 степени.

Поради екстремно ниските температури ноќва имаше појава на мразеви и на голомразица по патиштата, па токму поради ова апелирам возачите да бидат крајно внимателни како управуваат со своите возила,“ соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.