За сите што денес ќе засадат иднина

Објавено на 21 ноември, 2012 во 09:01

ИНСПИРАЦИЈА НА ДЕНОТ!

“Дрво на животот” Густав Климт (1862-1918, Австрија)

Густав Климт, роден во Браумгарден покрај Виена во 1862-та е еден од најистакнатите претставници на симболизмот. Кариерата ја започнал сликајќи во Уметничко-историскиот музеј во Виена. Подоцна станал почесен член на Виенскиот и Минхенскиот универзитет. Наспроти критиките на академските кругови, неговата слика „Филозофија“ е наградена со злато на Светска изложба во Париз. Денес Виенските музеи бележат рекордна посетеност поради неговите дела, а сликата „ Портрет на Адела“ на аукција е продадена за неверојатни 135 милиони долари. Годинава светот одбележува 150 години од раѓањето на Климт.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.