Ленка: Сите да добиваат бесплатно лекување!

Објавено на 30 ноември, 2012 во 12:35

Движењето за социјална правда „Ленка“ им се закани на Министерството за здравство и ФЗО. Ќе ги охрабрабрува граѓаните да ги тужат институциите ако и понатаму им се бара доказ за тоа колкави се приходите во нивното семејство, документ кој до сега мораше да го достават кога се пријавуваа во Агенцијата за вработување. „Ленка“ ова го оспори на Уставен суд и конечно доби позитивен одговор од него. Ова е прв чекор во борбата за тоа сините картони да бидат бесплатни за сите граѓани бидејќи со измените на законот сите оние кои имаа приходи, а се невработени месечно мораа да плаќаат во фондот за да ги добијат картоните.

„ На правниците кои ја осмислија оваа „реформа“ сакаме да им предочиме дека токму соборувањето на оваа клучна одредба од Законот ја доведува во прашање функционалноста на целиот закон и го прави неприменлив. Ги повикуваме Министерството за здравство и ФЗО веднаш да престанат со наплатата на придонесот за осигурување на оваа категорија граѓани. Во спротивно ќе ги охрабриме и ќе им помогнеме на нашите сограѓани масовно да ја тужат државата и да бараат оштета за незаконски платените средства“ , пишува во соопштението од „Ленка“.

Инаку од лани граѓаните за сини картони плаќаа по 1.100 денари месечно ако како семејство претходната година добиле вкупен хонорар од 96.600 до 183.546 денари. По околу 2.200 денари месечно плаќаа пак оние со приходи поголеми од 183.546 денари. Сега Уставниот суд ја укина „пререгистрацијата“ бидејќи смета дека таквите изјави се против уставни и спротивни од начелото на солидарност што е пропишано со уставот на Р.Македонија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.