Новинарскито еснаф праша кој наредил насилно отстранување на новинарите?

Објавено на 25 декември, 2012 во 16:37

ЗНМ ги напушти преговорите по насилното исфрлање на новинарите од галеријата на Собранието, за да не видат како се изнесувани на сила пратениците од опозицијата. 

Еснафското здужение најавува кривични пријави до непознат сторител за попречување во работата на новинарите. ЗНМ ќе поднесе претставки и до сите надлежни служби на внатрешната контрола на МВР, претседателот на Собранието, Народниот правобранител. 

Наместо од прашаните, одговорија денеска од собраниската служба за односи со јавност. Во изјава за Слободна Европа соопштено е дека новинарите не биле насилно изнесени од галеријата на собраниската сала, туку биле замолени да ја напуштат и да се преместат во прес-центарот. Одлуката не ја донел претседателот на собранието Трајко Вељаноски, туку службата за безбедност.

Синоќа ЗНМ одржа итна седница на своите тела и објави прекин на преговорите со Владата. 

„Здружението на новинари на Македонија ги прекинува разговорите со Владата, се додека не се врати уставниот поредок во Македонија и додека извршителите на насилното однесување кон новинарите не бидат откриени и казнети согласно законот“, рекоа од ЗНМ. 

„Наредбодавачите на овој срамен чин ја официјализираа цензурата и одлучија да кажат што смеат, а што не смеат да следат новинарите. Новинарите насилно избркани, со ништо не ја предизвикаа оваа реакција на обезбедувањето. Управниот одбор на ЗНМ ги прекинува разговорите со Владата, се додека не се врати правниот поредок во Македонија, извршителите и наредбодавачите на ова срамно однесување да бидат откриени и казнети според законот“, изјави претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.