Лекарите го ставија штрајкот во мирување!

Објавено на 25 декември, 2012 во 16:49

Претседателот на Самостојниот синдикат на клинички центри и другите здравствени организации Дејан Ставриќ потврди дека штрајкот се става во мирување и оти е постигнат договор за поголем дел од барањата, вклучувајќи и решение за исплата на декемвриската плата, како и да се стопира емитувањето на спотовите за лекарите во медиумите, објави Радио Слободна Европа.

 

На средбата, станало збор и за зголемување на платата на лекарите, но сега не се открива за колку проценти. Сите детали за тоа ќе бидат соопштени до крајот на неделата кога се очекува да биде потпишан анекс на колективниот договор.

Информацијата ја потврди и министерот за здравство Никола Тодоров по средбата со претставници на синдикатите за здравство.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.