Новинарите со свирежи ја напуштија седницата на Собранието!
Објавено на 27 декември, 2012 во 13:04
Откако претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски ја отвори седницата за пратенички прашања, новинарите со свиркање го изразија своето незадоволството и ја напуштија седницата.
Според претходно најавеното, на седницата не присуствуваат пратеници од опозицискиот блок.
Премиерот Никола Груевски и министрите, денеска ќе одговараат на прашања од своите пратеници, додека опозицијата се префрли спроти Собранието.
Како што соопшти Сојузот за иднината, во четврток од 12 часот, организира Граѓански парламент на кој ќе се поставуваат пратенички прашања, на локација спроти Собранието на РМ, во паркот „Жена борец”.