Пратеникот Алиу: За влечењето на новинарите треба да се одговара!

Објавено на 27 декември, 2012 во 13:50

На денешната седница на Собранието, пратеникот на ДПА Имер Алиу, објасни дека  партијата нема да се меша во политичкиот судир на македонската опозиција со власта но, го осуди институционално насилство врз новинарите и побара одговорност за влечењето на новинарите од галеријата. Алиу  не го прифати жалењето на премиерот Груевски за овој настан.

„Не ме интересира што мисли Груевски, туку што тој ќе направи за да се понесе одговорност“,  рече Алиу.

Груевски како одговор повторно изрази жалење за новинарите но, инцидентот во галеријата го објасни со потенцијален инцидент кој можел да се случи пред собранието, каде според неговите зборови, градоначалник на опозицијата се заканувал со напад врз новинар од една телевизија. Груевски рече и дури дека овој потенцијален инцидент е можеби и поголем од она што се случи во галеријата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.