Земјотрес почувствуван во Битола и Дебар!
Објавено: 28 декември, 2012, во 09:54 часот
Во Битола утрово во 6.50 часот е почувствуван земјотрес со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала. Епицентарот на земјотресот бил на 130 километри јужно од Скопје, во соседна Грција.
Земјотрес со помал интензитет (2,8 степени) вчеравечер е регистриран кај Дебар, а епицентарот бил на 4 километри југозападно од Дебар.
