Густа магла, утринава, одложи летови на скопски аеродром!

Објавено на 28 декември, 2012 во 10:22

Не полетаа авионите за Бергмо и за Истамбул.

Маглата ја намали видливоста на само 50 метри на патните правци  Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Кочани, Штип – Струмица, Неготино –  Демир Капија и на патниот правец  Скопје-Катланово-Велес и обратно, соопштија од АМСМ.

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено по местимично влажни коловози на повеќето места.

Меѓуградските автобуси доцнат околу 15-ина минути.

АМСМ препорачува поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. Поради ниските температури на повисоките места има можност за појава на голомразица.

Повнимателно управување со возилата е потребно и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес, каде се одвиваат работи за реконструкција на патот за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Во сила е законската обврска за поседување зимска опрема во возилата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.