Реконструираниот автопат Катланово-Велес денеска ќе биде предаден во употреба!

Објавено на 28 декември, 2012 во 10:42

Во непосредна близина на тунелот кај Катланово, денеска напладне, премиерот Никола Груевски ќе ја пушти во употреба делницата од Катланово до Велес.

Овој дел од автопатот се реконструираше во изминатите 16 месеци.  На 27,5 километри од патот обновен е асфалтот и се санирани насипите и местата каде што има нестабилни карпи. Санацијата ги опфати најкритичните точки на делницата и е поставена нова хоризонтална и вертикална сигнализација. Во изградбата државата вложи 445 милиони денари.

Градежните работи за реконструкцијата  на делницата  ги изведе „Гранит“.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.