Влажен асфалт на сообраќајниците!
Објавено на 29 декември, 2012 во 09:24
Дождот предизвика одрони.
Внимателно треба да се вози поради дождливото време и влажните коловози на патиштата низ државата. Одрони се појавија на повеќе сообраќајници, соопштија од АМСМ.
Посебно внимателно треба да се управуваат моторните возила на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има чести одрони кои го попречуваат сообраќајот. Поради пониските температури на повисоките места има услови и за појава на голомразица.
Од АМСМ информираа дека сообраќајот засега се одвива нормално, а на граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од земјата.
Задолжително е носењето на зимска опрема во возилата.
