Сончево со умерен ветар!
Објавено на 30 декември, 2012 во 09:18
Најстудено денеска ќе биде во сeверозападниот дел од земјата каде се очекува температура до 2 степени додека на југот до максимални 10 степени.
Од УХМР соопштија дека слично време ќе имаме и во наредните денови, сончево со мала облачност и магла по котлините.
Во Новата година ќе влеземе без снег, со дневни температури од 3 до 11 степени, а минимални утрински од – 9 до – 2 степени.
Во снег единствено ќе може да се ужива на планините и во зимско рекреативните центри каде скијачката сезона е во полн ек.
