Поради влажни коловози, внимателно да се вози!

Објавено на 30 декември, 2012 во 09:30

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива делумно забавено, по наместа влажни коловози поради врнежи од дожд.

 

АМСМ препорачува поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. Поради ниските температури на повисоките места има можност за појава на голомразица.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Возачите во автомобилите задолжително треба да носат зимска опрема.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.