Две Новогодишни елки на дното на Охридско езеро!
Објавено на 30 декември, 2012 во 09:39
Нуркачите ја продолжија традицијата на подводно китење на новогодишната елка во водите на Охридското Езеро, објави Lihnid.com.
Една елка беше поставена во Заливот на коските во непосредна близина на Музејот на вода, додека другата во изворите на Црн Дрим кај Свети Наум. Двете елки беа накитени со специјални украси.
Во китењето на елките учествуваа околу 20-тина нуркачи од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид, на Сојузот за подводни активности од Македонија, како и нивни колеги од Албанија.
