Сообраќајот се одвива без проблеми, наместа по влажни коловози!
Објавено на 31 декември, 2012 во 08:36
На сите магистрални и регионални патишта низ државата сообраќајот се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. На повисоките места поради ниските температури можна е појава на голомразица.
Од Авто мото сојузот на Македонија препорачаа поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите.
На граничните премини засега нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.
Во возилата е задолжително носењето на зимска опрема.
