За сиромашните, денеска, ручек од Телеком и Т-Мобиле!

Објавено на 31 декември, 2012 во 09:00

Во шест народни кујни, во Велес и Скопје, социјално загрозените граѓани денеска ќе добијат  новогодишен празничен ручек приготвен од прехрамбени производи кои ги донираат Македонски Телеком и Т-Мобиле.

Двете фирми се донатори на ручекот што денеска ќе го имаат вкупно 350 граѓани во двата града.

Станува збор за граѓани, социјално незгрижени кои секојдневно се хранат во народните кујни.

Сто велешани се хранат во народната кујна во Велес.

Донаторите, во Скопје, прехрамбените производи ги донирале во кујните во општините Кисела Вода и Ѓорче Петров.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.