Започнува зимскиот распуст на учениците!
Денешниот е последен училишен ден од првото полугодие за околу 300.000 ученици во Македонија. На заслужен три неделен одмор,од утре, ќе бидат околу 90.000 средношколци и 210.000 основци. Зимскиот распуст ќе трае до 20 јануари 2013 година. За учениците прв училиштен ден во второто полугодие ќе биде 21 јануари 2013 година.
Во второто полугодие учениците ги очекува долгонајавуваното екстерно тестирање поради кое во првото полугодие имаа многу тестови. Тие електронски ќе бидат тестирани по два предмета, а резултатите ќе се одразат на нивниот успех, но и на платата на наставниците.
За средношколците во второто полугодие ќе има и тестови за професионална ориентација, кои треба да покажат кон која област имаат афинитети. Така полесно ќе можат да го направат изборот на факултет и на идната професија.
