Сообраќај во зимски услови со магла!
По наместа влажни коловози се одвива сообраќајот на сите магистрални и регионални патишта низ државата. Нема забрани и ограничувања.
Поради ниските температури на повисоките места има можност за појава на голомразица.
Појава на магла со видливост од 20 до 50 метри има на патниот правец Скопје – Тетово – Гостивар, а од 50 до 100 метри на патните правци Кичево – Македонски Брод, Велес – Катланово и Куманово – Свети Николе – Штип – Струмица.
Авто мото сојузот на Македонија препорачува поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите.
На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.
Задолжително е носењето на зимска нопрема во возилата.
