ЗНМ не е задоволно од одговорот на МВР!

Објавено на 2 јануари, 2013 во 15:47

Здружението на новинари е крајно незадоволно од одговорот на МВР дека во исфрлањето на новинарите од собраниската галерија на 24 декември немало ништо спорно.

 

„За ЗНМ е несфатливо Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР да не утврди никаква одговорност за исфрлувањето на новинарите од собраниската галерија, иако за таа полициска постапка претходно изразија жалење Претседателот на Република Македонија, Претседателот на Собранието, Претседателот на Владата, Заменик претседателката на Владата.

Новинарите прашуваат ако одлуката била во согласност со Уставот и законите и спроведена на соодветен начин, зошто тогаш државниот врв изразува жалење.

Од ЗНМ велат дека и понатаму нема одговор на клучното прашање: кои се наредбодавачите и извршителите на одлуката за отстранување на новинарите, која е спротивна на Уставот, во кој се гарантира јавност на седниците на Собранието, доколку две третини од пратениците не одлучат поинаку.

Синдикатот на новинарите и медиумските работници, пак, во одговорот на МВР гледа операција за релативизирање на инцидентот.

Здружението на новинари не се откажува. Очекува државните институции да смогнат сили да го расветлат случајот, а се додека тоа не се случи остануваат на одлуката за прекинување на разговорите со Владата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.