Меѓународната федерација на новинари со осуда за македонските власти!

Објавено на 2 јануари, 2013 во 21:36

Меѓународната федерација на новинари и Европската федерација на новинари ги осудуваат македонските власти за исфрлањето на новинарите од галеријата на Собранието пред расправата за буџетот за 2013 година. Федерацијата била известена за насилното исфрлање на новинарите од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, кој е членка на Федерацијата, се вели во соопштението.

 

Претседателот на меѓународната федерација Џим Бумела изјави дека ја осудуваат одлуката за забрана новинарите да присуствуваат на дебата од голем јавен интерес. 

„Оваа мерка е спротивна на добрите собраниски практики за јавно вршење на работите. Пристапот на новинарите до информации е клучен да се обезбеди тоа. Со давањето наредба да се истераат новинарите, властите сакаат да станат тие што одлучуваат за што ќе се известува или за што нема да се известува“, вели Бумела.

Меѓународната и Европската федерација на новинари ја осудуваат одлуката за цензура на новинарството и поткопувањето на слободниот проток на информации во Македонија, се наведува во соопштението.

„Одлуката повеќе е за обидот за контрола на информациите отколку за решавање на безбедносните прашања“, вели претседателот на Европската федерација на новинари Арне Кониг.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.