АМСМ: Сообраќајот се одвива непречено!

Објавено на 3 јануари, 2013 во 08:17

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

 

До педесет метри е намалена видливост поради појава на магла на патните правци кон Велес, Штип, Крива Паланка, Страцин, Сарамзалино и Кула како и до сто метри кон Тетово и Павлешенци. 

Од Авто мото сојузот на Македонија препорачаа внимателно да се вози на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово оради почеста појава на одрони кои можат да го попречат движењето на возачите.

Поради ниските температури на повисоките места има можност за појава на голомразица.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.