Зголемен бројот на лекари специјалисти во Куманово!

Објавено на 3 јануари, 2013 во 09:01

Се зголемува бројот на лекари специјалисти на дел од одделенијата на општата болница во Куманово, објави Канал 77.

 

„Оваа година имаме четири нови лекари гинеколози од Клиниката за гинекологија и акушерство како и двајца интернисти кардиолози кои два пати неделно доаѓаат од Гостивар“„ рече директорот на кумановската болница Ариф Љатифи.

До крајот на месец април треба да се вратат уште седум специјализанти како специјалисти во болницата со што ќе се подобри работата и професионалноста во згрижување на пациентите.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.