Коловозите се наместа влажни, има и магла!
Но, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани и ограничувања..
Поради појава на магла намалена е видливоста до дваесет метри на на патниот правец Велес-Штип, до педесет метри на правците Куманово – К.Паланка, Куманово – С.Николе, Скопје – Тетово, Штип – Кочани, и до сто метри на патниот правец Велес – Неготино – Д.Капија.
АМСМ препорачува поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите.
Поради ниските температури на повисоките места има можност за појава на голомразица.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Задолжително е носењето зимска опрема во возилата.
