Ограбена златара во центарот на Охрид!

Објавено на 4 јануари, 2013 во 09:08

Синоќа, ограбена е златарата „Голд“ која се наоѓа во близина на стариот чинар, објави Lihnid.com. 

Непознати лица кој биле маскирани влегле во златарата и од продавачката под закана одзеле златен накит во вредност од 100.000 евра. Разбојниците го собрале златото од пултот и од страничните делови на златарата.

Веднаш потоа се обиделе да избегаат со мотор кој бил паркиран пред златарата, но бидејки не успеале да го стартуваат моторот избегале со трчање.

Кражбата се случила околу 20 часот, во моментот кога во близина имало и голем број граѓани.

Од СВР информираат дека е направен увид и се трага по ограбувачите.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.