Општина Струмица подари играчки во градинките!

Објавено на 4 јануари, 2013 во 18:50

Градоначалникот Зоран Заев денеска им подари играчки на дечињата згрижени во детските градинки во Струмица, објави www.jugoinfo.mk. Тие со песничка му посакаа добредојде  и со голема радост ги примија играчките  кои ќе им го разубавуваат времето поминато  во градинките. Заблагодарувајќи се за пријатното добредојде, градоначалникот рече дека со огромно задоволство тој и општината ја реализираат оваа стапка  од буџетот.

 

„Денеска спроведуваме една стапка од буџетот на општина Струмица, многу драга, многу мила која се однесува на возобновување на детските градинки во сите простории од најмалите до најголемите групи со соодветни играчки за сите генерации дечиња. Оваа буџетска стапка е од 2012 година, тендерот заврши во почетокот на декември, драго ми е што струмичка фирма го доби овој тендер за денеска да ги имаме сите овие пакети што се донесоа во градинките за да ги направиме детските лица посреќни и повесели во пресрет на овие празници. Вкупната вредност на оваа активност од страна на општината кон својот буџетски корисник детските градинки е 250 илјади денари и со неа општината дава добар допринос во среќата, радоста, поубавата иднина и на дечињата и на институциите во кои се згрижуваат дечињата од Струмица“, рече градоначалникот Заев.

Заблагодарувајќи се, директорката Тинка Маркова рече дека сега со збогатениот фонд на играчки, воспитно – образовниот кадар ќе може поуспешно да ги реализира активностите кои се планирани со годишните програми.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.