Внимателно возете, коловозите се наместа влажни!

Објавено на 5 јануари, 2013 во 08:17

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

 

Потребна е поголема внимателност при управувањето со возилата на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возилата.

Поради ниските температури на повисоките места има можност за појава на голомразица.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Ос АМСМ потсетија дека стапи на сила законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.