Православните верници денеска го празнуваат Св.Наум Охридски Чудотворец!
Во 911 година пред да се упокои во неговиот манастир Свети Наум остави две житија напишани на црковнословенски јазик. Бил голем учител, просветител кој имал големи знаења од народната медицина. Роден е во првата половина на деветтиот век.
Кога во 893 година неговиот брат Климент е назначен за словенски епископ, на неговото учителско место во Кутмичевица е назначен Наум Охридски. Со светите браќа учители Кирил и Методиј, пак бил во нивната моравска мисија. Извесно време престојувал во престолнината на Бугарија, Плиска, додека во времето кога Свети Климент станал епископ во Охрид, и Свети Наум дошол во Охрид да биде учител. Денешниот манастир “Свети Наум” на брегот на Охридското Езеро е основан токму од Свети Наум. Во овој манастир ги поминува последните 10 години од неговиот живот.
Познат е по литературната дејност со која се занимавал. Оставил поголем број на дела, претежно житија, од кои повеќето не се идентификувани. Според двете идентификувани кратки житија, напишани на црковнословенски јазик, се истакнува неговото познавање на литературата и просветителската дејност, а посебно се разбирал во народната медицина. Познат е како исцелител на душевно болни. Затоа кај нас особено лекарите – психијатри го имаат за свој заштитник.
