Сообраќајот се одвива без забрани!
Објавено на 6 јануари, 2013 во 09:21
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани и ограничувања по наместа влажни коловози.
Повниматело треба да се управуваат возилата на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово поради почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите.
Од ниските температури на повисоките места има можност за појава на голомразица.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.
Во возилата задолжително е носењето на зимска опрема, потсетуваат од АМСМ.
