Болеста рак на грло на матка во Македонија е на второ место!
Објавено на 8 јануари, 2013 во 17:07
Годишно од ХПВ вирус заболуваат од 4 до 5 илјади пациентки додека цервикалниот карцином,предизвикан од овој вирус, и е една од најризичните негови форми е се почесто присутен кај македонските пациентки.
Бројките се алармантни но, засега се уште нема бесплатен годишен ХПВ тест. Според министерот за здравство Тодоров можно е тој да почне да се применува од средината годината.
Од клиниката за гиникологија велат дека неинформираноста на младите при половите контакти кои што ги имаат се причини за ваквата алармантна бројка .
Лекарите апелираа до родителите да ги носат децата на почести прегледи бидејќи новата апаратура овозможува рано откривање на ХПВ вирусот.