На празникот Свети Јован, Охриѓани ќе уриваат гинисов рекорд со чорба од риба!
Со најголема количина на рибина чорба Охрид на 20-ти јануари, празникот посветен на Св. Јован и ден на рибарите, ќе се обиде да влезе во „Гинисовата книга на рекорди“, објави Lihnid.com
Ќе бидат подготвени 3.300 килограми калифорниска пастрмка штое е повеќе за околу 300 килограми од досегашниот рекорд кој изнесува 3.025 килограми.
„Пред извесно време упативме официјално барање до „Гинис“ во Охрид да допатува нивната екипа, а ја уплативме и потребната сума за апликација за потврдување на рекордот. Целата манифестација на охридскиот кеј ја организира здружението „Богојавление”, а финасиски средства за набавка на над три тони риба ќе ги обезбеди познат охридски бизнисмен.” вели Димитар Пендов од Здружението „Богојавление”.
Казанот за подготвување на најголемата рибина чорба охриѓани ќе го донесат од Штипско во кој беше направена рекордна количина на грав.