Нимиц на средби со македонскиот државен врв!
Посредникот на ОН, Метју Нимиц, изутринава ќе се сретне со шефот на дипломатијата Никола Попоски, а потоа и со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски на кои се очекува да презентира одредени идеи за надминување на долгогодишниот спор, откако тоа завчера го направи во Атина.
Медијаторот во грчко македонскиот спор вчера изјави дека работи напорно со цел да се постигне напредок.
Завчера, по средбата со премиерот Андонис Самарас и министерот за надворешни работи Димитрис Аврамопулос тој изјави дека грчката Влада со голема искреност сака да се постигне договор за прашањето за името. Нимиц на „кусата, но интензивна дискусија“ презентирал некои идеи за кои разговарале во детали и изрази уверување дека дискусиите можат да се забрзаат и да се постигне „некакво решение“.
