Пет години од несреќата кај катлановско Блаце!
Објавено: 12 јануари, 2013, во 09:17 часот
Во спомен на 11 припадници на воздухопловната бригада на АРМ кои загинаа во хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце денеска делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, Здружената оперативна команда (ЗОК) на АРМ, воздухопловната бригада, како и членовите на семејствата на загинатите припадници на воздухопловната бригада ќе положат венци со свежо цвеќе на спомен обележјето на местото на несреќата.
