Сообраќај во зимски услови!

Објавено: 16 јануари, 2013, во 08:06 часот

 

На сите магистрални и регионални патни правци низ државата,сообраќајот,  се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози во западните и југозападните делови од државата,како и по местимично влажни во источните и јужните делови.

 

Слаби снежни врнежи има на Попова Шапка, но тоа не претставува проблем за одвивање на сообраќајот.Намалена е видливоста на стотина до сто педесет метри на патниот правец Тетово- Гостивар- Кичево и поради појава на магла.

Можна е зачестена појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово и Катланово-Велес каде е потребно вн имателно управување на возилата.

Задолжително е носење на зимска опрема во возилата.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.