Сообраќај во зимски услови и влажни коловози!
Објавено: 17 јануари, 2013, во 08:08 часот
Поради врнежи од дожд во поголемиот дел од државата, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива по влажни коловози.
Слаби врнежи од снег се бележат само на повисоките планински места. Повнимателно треба да се вози на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.
Задолжително е носењето на зимска опрема во возилата.
