Свинскиот грип сериозно им се закани на двајца заболени граѓани!

Објавено на 18 јануари, 2013 во 14:47

Двајца мажи, на 38 и 70 годишна возраст, се пациентите кои се лекуваат од свински грип на скопската инфективна клиника со животно загрозувачка состојба.

Помладиот има воспаление на белите дробови и веднаш по приемот е  приклучен на апарат за дишење.

„ Пациентот е хоспитализиран пред два дена кога веќе се развиле компликации од болеста, а симптомите му се појавиле пред 4 – 5 дена, но состојбата во меѓувреме не се смирила“ рече д-р Сања Маринковиќ, инфектолот на Клиниката.

Има вкупно 13 потврдени случаи на грип, од кои најголемиот број (11) се откриени токму во последните 4 дена. Осуммина се заразени со пандемиски, односно свински грип А(Х1Н1), а тројца имаат сезонски грип А (Х3Н2).

– Оние заболени со симптоми на грип кои ќе забележат дека по два-три дена не им се подобрува здравствената состојба, да не чекаат и веднаш да се јават на лекар. Лекот Тамифлу може да се дава и кај оние кои не припаѓаат на ризичните групи, доколку им се влошува состојбата – изјави д-р Јованка Костовска, раководителка во Министерството за здравство.

И на Клиниката за детски болести се лекуваат десетина деца заболени од грип но, нивната здравствена состојба е стабилна.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.