Претпладне сонце, попладне дожд!
Објавено: 21 јануари, 2013, во 06:57 часот
Во Македонија денеска претпладне ке биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне потполно наоблачување кое во доцните попладневни и во вечерните часови ќе донесе врнежи од дожд. Ке дува засилен јужен и југоисточен ветер кој ке достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури ке се движат од 0°C до 7°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 7°C односно до 15°C.


