Започна второто полугодие!
Објавено на 21 јануари, 2013 во 08:10
Основците и средношколците од денеска се вратија во училишните клупи. Распустот кој траеше три недели заврши и од денеска продолжи второто полугодие од учебната 2012/2013 година.
На крајот на оваа учебна година се очекува спроведување на екстерното тестирање на учениците, кое се одложуваше неколку години. Негова цел е да се оцени колку наставниците објективно го вреднуваат нивното знаење.
