Опозицијата го продолжува отпорот!

Објавено на 21 јануари, 2013 во 10:23

Отпорот на здружената опозиција од денеска се радикализира и наместо по една крстосница истовремено ќе се блокираат по три. Блокадите ќе бидат во центарот на Скопје на крстосниците на Партизанска пред „Симпо“, мостот „Гоце Делчев“ кај Владата и раскрсницата пред Тутунскиот комбинат кај Стара рампа.

Опозицијата апелира до граѓаните да биле трпеливи и да им да дадат подршка за време на блокадите. Денеска жените од опозицијата во Кавадарци на прес конференција информираа дека во четврток ќе се одржи протестен марш од училиштето “Гоце Делчев“ до центарот на градот. Упатија повик граѓаните масоцно да се вклучат во маршот кој ќе го предводел претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.