Грипот продолжува да се шири!

Објавено на 21 јануари, 2013 во 13:28

За време на викендот на Клиниката за инфективни болести во Скопје се хоспитализирани нови тројца пациенти со вирус на груп од типот А (Х1Н1). Како што информираа од Министерството за здравство , пациентите биле во добра општа состојба.

Во лабораторијата на Институтот за јавно здравје досега вкупно се анализирани 38 примероци, од кои 13 лица се позитивни на  вирусот на грип од тип А (Х1Н1), тројца се со тип на вирус А (Х3Н2), а двајца се нетипизирани (почнале со терапија).

11 пациенти со грип се во моментов хоспитализирани на инфективна клиника, од кои двајца се на интензивно лекување. Еден пациент на возраст од 38 години бил со посериозна здравствена состојба. Останатите хоспитализирани се од сите возрасни групи, најголем дел од нив се со претходни хронични заболувања. Во општа здравствена состојба на детска клиника се наоѓа едно дете.

Согласно заклучокот од Комисијата за следење на сезонски грип, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), со решенија ги задолжи училиштата и градинките за да ги преземат потребните превентивни санитарно-хигиенски мерки .

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.