Снег на Попова Шапка, Маврово и Ѓавато !
Објавено на 23 јануари, 2013 во 08:31
Слабиот интензитет на врнежите не претставува препрека за тековно одвивање на сообраќајот. Снегот останува на коловозот и по интервенцијата на екипите на ЈП „Македонија Пат“ .
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани и ограничувања, по наместа влажни коловози.
АМСМ препорачува поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар,
Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.
Задолжително е носењето зимска опрема во возилата.