Поповски во Брисел!
Објавено на 23 јануари, 2013 во 08:59
Со цел да обезбеди поддршка во пресрет на пролетниот извештај на Европската комисија за земјава,
шефот на дипломатијата Никола Попоски, денеска ќе оствари повеќе средби со европратеници.
На агендата се разговори со европратениците Роучек, Кукан, Свобода, Јанаку, Тенок, Нејнски, Вигенин, Брок и Подимата.
Инаку вчера Попоски се сретна со еврокомесарот Штефан Филе, но по средбата, ниту една од страните во разговорите не ги спомена актуелните политички случувања во земјава, како тема за која станало збор на средбата. „Се разговараше за низа прашања“ е единствената порака од Брисел.
Заега нема официјално известување кога Филе повторно би ја посетил Македонија. Од неговиот кабинет брифираат дека тоа ќе биде наскоро.