Комесарот за проширување на ЕУ Штефан Филе во тајна посета на Македонија!
Откако завршил со средбите Филе на својот твитер профил напишал дека имал корисни средби со претседателот Ѓорги Иванов, со премиерот Никола Груевски и со претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски.
Иванов и Филе се согласиле дека низ отворен и искрен дијалог политичките актери треба да најдат излез од настанатата состојба во интерес на граѓаните на Република Македонија.
Инаку ненајавената посета на Филе на Македонија се случува еден ден по неуспешната лидерска средба на која Груевски и Црвенковски не постигнаа договор за враќање на опозицијата во Собранието и учество на локалните избори.
Напорите на Филе да посредува за излез од кризата се должат на фактот што внатрешните состојби, политичкиот диалог и реформите се еден од трите услоги што заедно со напредокот за решавање на спорот во имто и односите со соседите – Македонија во декември ги доби како услов од ЕУ за добивање датум за преговори.