Врнежи од дожд и снег!
Објавено на 24 јануари, 2013 во 07:56
Времето во Македонија денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, на планините од снег, во јужните и западните делови со пообилен карактер. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Максималните дневни температури ќе се движат од 0 до 8 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината облачно со дожд и дневна температура до 5 степени.
